Германската индустрија очекува силно опоравување на извозот, особено кон Европската унија, се наведува во денеска објавениот извештај на институтот за економски истражувања ИФО од МИнхен.

Вредноста на индикаторите кои ги мерат очекувањата на извозниците порасна од јулските минус 2,8 поени, на плус 9,6 поени, што е највисока бројка уште од почетокот на војната во Украина во февруари 2022.

Најголем оптимизам владее меѓу производителите на електрична опрема, компјутери и електронски и оптички производи.

Подобри очекувања забележува и автомобилската индустрија.  

 

Слични новости

Американскиот претседател Трамп предвидува драстично намалување на цената на нафтата

Американскиот претседател Трамп предвидува драстично намалување на цената на нафтата

Трамп најави дека цените на нафтените деривати во САД набргу ќе паднат на три долари за галон, а откако се ќе се заврши и под два долари за галон. Во моментов цената на дизелот во Калифорнија изнесува 5,86 долари за галон.