Новите фабрички нарачки во Германија паднаа за 3,8 насто во месец април, со особено значаен пад во автомобилската индустрија, објави денеска германскиот сојузен завод за статистика Дестатис.
Најголемо негативно влијание во однос на март има автомобилската индустрија каде што нарачките се намалени за 5,3 насто во однос на минатиот месец.
Нарачките од странство паднаа за 4,2 насто месечно, а домашните нарачки од Германија паднаа за 2,9 насто.
На квартално ниво, во периодот од февруари до април нарачките се пониски за 3,1 насто во однос на претходните три месеци, објави Дестатис.
Слични новости
Цените на нафтата пораснаа поради ескалацијата на судирот меѓу САД и Иран
Фјучерсите за нафтата Брент денеска пораснаа за 70 центи на 84,93 долари по барел, а американската сирова нафта ВТИ поскапе за 81 цент на 79,76 долари по барел, јавува Ројтерс.
Економистите очекуваат дека Европската Централна Банка нема да ги зголеми каматите
Европската Централна Банка (ЕЦБ) идната недела најверојатно нема да ги смени каматните стапки, но нивно зголемување се очекува во септември, сметаат економистите.
Нафтата Брент поскапе на 79 долари, новите судири ги пореметија берзите
Европските индекси на берзите денеска се главно нестабилни, додека инвеститорите се подготвуваат за важна недела во која ќе бидат објавени...


