Германската влада планира од почетокот на 2027 година да ја преполови годишната квота за вработување работници од земјите на Западен Балкан, меѓу кои и Македонија.

Наместо досегашните 50.000, во Германија годишно ќе можат да заминат 25.000 работници од шесте земји во регионот. Предлогот сè уште треба да добие потврда од Бундесратот.

Измената на Уредбата за вработување ја подготви германското Министерство за труд и социјални прашања, а целта, според владата, е да се намали работната миграција што не е условена од квалификациите.

Квотата од 50.000 беше воведена во 2024 година, кога претходната граница од 25.000 беше двојно зголемена.

 

Слични новости

ЕК предлага отварање на преговарачките кластери за земјите кандидати со квалификувано мнозинство

ЕК предлага отварање на преговарачките кластери за земјите кандидати со квалификувано мнозинство

Предлогот за поинакво гласање не ја отстранува обврската Македонија да ги спроведе договорените уставни измени. Во заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година, одржувањето на следната меѓувладина конференција е врзано за исполнувањето на таа обврска, која го опфаќа и внесувањето на Бугарите во Уставот.