По паузата за локалните избори, собранискиот спикер Африм Гаши потврди во вторникот дека ги повикал на координација координаторите на пратеничките групи, на која не зборувале за Кривичниот законик кој амнестира и ослободува функционери од корупција и од злоупотреба на службената положба и овластувањата, туку за носење нов Изборен законик.
„Вратата за новиот Кривичен законик и за измените што ги бара Управниот суд во однос на амнестирачките членови во него за извршена корупција, во Собранието е отворена. Уште нема предлог, тоа зависи од Владата”, одговори Гаши на новинарско прашање во текот на брифингот за медиумите, кој кога ги распиша локалните избори во август, кажа дека новиот Предлог- кривичен законик само што не пристигнал во Собранието, бидејќи така му било најавено од министерот за правда Игор Филков и од Владата.
Прашан за законот за локална самоуправа кој не беше донесен пред овие избори, поради немање Бадентерово мнозинство, Гаши рече дека повторно ќе се отвори расправа. Но не можеше да каже дали ќе се започне тоа „овој закон да стапи на сила од следните локални избори”, зашто доколку не се смени тоа, а целта на законот е да може со референдум да се отповикуваат градоначалниците ако не си ја вршат работата, ќе значи дека законот ќе биде донесен за да ги заштити градоначалниците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Ќе значи дека сегаизбраните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ќе може што сакаат да прават и да останат недопирливи, а дури тие по нив да може да бидат отповикувани од функциите владеењето.
Гаши рече дека тоа зависи од партиите.
Предлог-буџетот стигнал вчера во Собранието. До 10 ноември се чекаат амандмани и потоа почнува претресот.
Очекувам до 9 декември да свикам седница, рече Гаши.
„На координацијата прва по паузата за изборите, разговаравме да се донесе нов Изборниот законик, на консензуален начин. Нов Изборен законик треба меѓу другото и поради финансирањето на партиите. Беше проблем, бидејќи со одредбите напишани во 2021 година, две партии имаше само, што не соодветствува со реалноста. Имаше три на власт, три во опозиција. Не е исклучено да се зборува и за промена на изборниот систем, на пример Македонија да биде една изборна единица”, рече спикерот.
Во врска со прегласувањето во некои општини, Гаши кажа дека овој состав на ДИК ќе си го истера процесот докрај.
„Сакам да ве известам дека актуелниот состав на ДИК истекува на 15 јануари. Мандатот на членовите на ДИК трае 5 години и до избор на новиот состав. Неумесно би било да распишам оглас за нови членови на Комисијата, сред гласање”, кажа Гаши.
На 10 ноември ќе има опозициони пратенички прашања и седница.
Слични новости
Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови
Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција
Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?
Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска
СДСМ: Конгресот на децата на Орбан
Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски


