Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ најави дека неговата Српска напредна странка нема да учествува на претстојните претседателски избори, порачувајќи им на победниците на парламентарните избори сами да си најдат противкандидати.

„ Нека бидат сами, нека работат сами со себе, нека најдат два или три сателити кои со нив ќе трчаат на претседателските избори со по еден или два отсто“ – изјави Вучиќ на прес-конференција во седиштето на СНС.

Пораката дека новата власт треба сама да си најде „два или три сателити” за претседателската трка доаѓа во момент кога изборите за наследник на Вучиќ веќе се најавени. Претседателската функција остана празна откако Вучиќ на 27 септември поднесе оставка, по што должноста привремено ја презеде Ана Брнабиќ.

Слични новости

Трамп повторно му се закани на Иран дека ќе го дигне во воздух комплексот Пикекс

Трамп повторно му се закани на Иран дека ќе го дигне во воздух комплексот Пикекс

Претседателот на САД Доналд Трамп повторно се закани со напад врз иранскиот комплекс Пикекс, утврден подземен објект во близина на нуклеарната постројка во Натанц, за кој постои сомнение дека е поврзан со иранската нуклеарна програма.

Турција: Приведени девет лица по нападот врз учениците во Маниса

Турција: Приведени девет лица по нападот врз учениците во Маниса

Во истрагата за нападот во средното училиште во Маниса во кој беа повредени повеќе ученици, турската полиција приведе девет лица, меѓу кои и осомничениот за пукањето врз учениците, објави денеска агенцијата Анадолија.