Вулканот Шивелуч на руското полуострово Камчатка еруптираше по втор пат во изминатите 24 часа и исфрли столб од пепел висок 8 километри, а облакот од пепел се прошири на радиус од 15 километри, соопштија официјалните власти.

За време на првата ерупција вулканот Шивелуч исфрли пепел на висина од седум километри, пренесе ТАСС.

Шивелуч е активен вулкан на Камчатка стар меѓу 60 и 70 000 години и се наоѓа на 450 километри од градот Петропавловск.

Прес службата за вонредни ситуации соопшти дека се очекува пепелот да падне во населените подрачја на четири општински окрузи на Камчатка.

Слични новости