Отпишаниот Вулверхемптон конечно успеа да победи по неколку добри игри во декември и денеска го совлада Вест Хем со 3:0.

Со ова Вулвси имаат само 6 освоени бодови и секако ќе испаднат од Премиер лигата, но по поразот Вест Хем е во незавидна позиција и е во зоната на испаѓање со14 бодови, четири помалку од Нотингем Форест кој е на 17. позиција.

Барнли кој е исто така кандидат за испаѓање во Чемпионшип и е претпоследен со 12 бодови денеска беше поразен на гостувањето кај Брајтон со 2:0.

Во воведниот меч на новото коло на Премиер лигата Астон Вила убедливо го победи Нотингем Форест со 3:1 и се проби на второто место на табелата, но со натпревар повеќе од Манчестер сити и Арсенал.

Слични новости

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено