На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 69-годишен маж од внатрешноста, откако неговата состојба се искомплицирала по инфекција со инфлуенца А.

Директорот на Клиниката, Фадил Цана, информираше дека пациентот бил донесен во критична состојба со масивна бронхопневмонија и веднаш бил ставен на апарати. И покрај напорите на лекарите, тој не ја доби битката со вирусот. Пациентот имал претходни белодробни заболувања и не бил вакциниран.

Ова е втора жртва за краток период, откако неодамна почина и 75-годишна жена. Во моментов, на Инфективната клиника се хоспитализирани 30 лица со тешка клиничка слика, главно повозрасни граѓани со респираторни компликации.

 

Слични новости

Големи гужви на граничните премини кон Грција

Големи гужви на граничните премини кон Грција

Најголеми гужви се забележуваат на ГП Богородица, каде колоните возила се протегаат со километри, а чекањето трае со часови. Според информации од терен, меѓуграничниот простор е целосно исполнет, додека бројот на возила постојано расте.