Седмиот дел на хорор франшизата „Врисок“ на студиото Парамаунт заработи спектакуларни 64 милиони долари на премиерниот викенд во САД. Филмот заработи и 33 милиони долари надвор од САД за заработка од 97 милиони долари за два дена прикажување. Проекциите беа дека „Врисок 7“ нема да надмине заработка од 40 милоиони долари.

Филмот има извонреден успех на кино благајните и има најдобро отварање од било кое продолжение на хорор франшизата, иако на Ротен томејтоус доби само 33 провенти, што е најлош скор за филм од франшизата.

На второ место на Бокс Офисот е семејниот анимиран филм „Гоат“ кој досега заработи 73милиони долари во САД и 56,5 милиони долари на глобалните пазари.

„Оркански висови“ сеуште има добра гледаност и во четвртата недела од прикажувањето и досега филмот на Ворнер заработи дури 194 милиони долари.

Слични новости

„Хоперс“ и натаму прв на Бокс Офисот

„Хоперс“ и натаму прв на Бокс Офисот

Анимираниот филм „Хоперс“ и натаму е убедливо прв на американскиот Бокс Офис, иако забележа голем пад на гледаноста во втората недела од прикажувањето во кино салите.