Коалицијата ВРЕДИ упати остри критики до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по неговите ставови за регионалната соработка и концептот „Отворен Балкан“.

Од ВРЕДИ велат дека Ахмети продолжува да го поддржува овој регионален проект, наместо да се залага за посилно поврзување со Косово и Албанија.

Во реакцијата, коалицијата ја критикува Србија поради непризнавањето на независноста на Косово, како и поради тоа што, според нив, не презела одговорност за настаните од 1999 година.

 

Слични новости

Застреланиот во Арачиново е албанскиот пејач Азиз Мурати од Скопје

Мурати е ранет на влезот во Арачиново, откако во него пукало лице од возило – лице што го познавал од претходно и кое било во друштво со уште едно лице. Од МВР наведуваат дека се преземаат сите мерки и активности за расчистување на случајот.