Во Лос Анџелес во неделата навечер беа доделени Греми наградите, а апсолутен победник на вечерта е Бед Бани со албумот „Debi Tirar Mas fotos“, кој беше прогласен и за албум на годината. Ова е за прв пат албум на шпански јазик да ја добие Греми наградата во најпрестижната категорија.
Бед Бани беше награден и за најдобар албум од урбаната музика, а беше номиниран и во категориите „песна на годината“ и „рекорд на годината“.
За песна на годината Греми наградата ја доби Били Ајлиш за „Wildflower“. Пејачката во говорот по освојувањето на наградата силно ја критикуваше политиката на Трамп против имигрантите и порача дека „никој не е илегален на украдена земја“, нагласувајќи ја важноста на јавно спротивставување, борба и протест.
На церемонијата успех остварија и Кендрик Ламарчиј албум “GNX” беше прогласен за најдобар албум во рап категоријата, како и Лејди гага чиј албум “Mayhem”ја освои наградата за најдобар поп вокален албум.
Греми наградата се доделува од 1959 и важи за најпрестижното признание во музичката индустрија.
Слични новости
Новиот хорор „Мумијата“ разочара на Бокс офисот каде што сеуште е прв „Супер Марио“
„Галаксијата на Супер Марио“ и научно фантастичниот „Хеил Мери“ продолжија да владеат со американскиот Бокс офис, откако новиот хорор блокбастер „Мумијата“ на Ли Кронин стигна само до третото место викендов.
Вештачката интелигенција „го оживеа“ Вал Килмер
На овогодинешниот СинемаКон во Лас Вегас, вниманието на светската филмска јавност го привлекоа ексклузивните кадри од филмот „Длабоко како гроб“. Филмот стана жешка тема откако креаторите објавија дека ликот на починатиот Вал Килмер целосно ќе биде рекреиран со помош на вештачката интелигенција.
Чарлс и Камила на изложба во чест на кралицата Елизабета Втора
Британскиот крал Чарлс Трети и неговата сопруга кралицата Камила присустсвуваа на изложбата „Кралицата Елизабета Втора нејзиниот живот со стил“, која се одржува во Бакингемската палата.


