Холандија и ја врати на Египет камената скулптура стара 3.500 години која илегално беше изнесена од Египет за време на Арапската пролет во 2011 и беше откриена на холандскиот саем на уметноста во 2022.
Скулптурата, која е главата на фараонот Тутмес Трети потекнува од Луксор и првобитно беше дел од блок статуа, пренесува Ројтерс.
Холандскиот министер за култура Гоуке Моес изјави дека политиката на Холандија е да го врати она што не и припаѓа и дека тоа секогаш го враќа на вистинската културна група или држава.
Слични новости
Пол Макартни најави нов албум
Легенадрниот басист на Битлси Пол макартни подготвува нов албум со наслов „The Boys of Dungeon Lane“. Албумот е создаден во соработка со продуцентот Ендру Вот и ќе биде објавен на 29 мај
Тајгер Вудс повторно уапсен по предизвикана сообраќајна несреќа
Американската голф ѕвезда Тајгер Вудс беше приведен откако со неговиот Лендровер предизвика сообраќајна несреќа и се товари за возење под дејство на лекови.
Повеќе од 10.000 еутаназии минатата година во Холандија
Во Холандија минатата година се забележани 10.341 смртен случај предизвикан со еутаназија, што е зголемување за 3,8 насто во однос на претходната година, соопшти комитетот за преиспитување на еутаназијата.


