Во Шпанија беше измерена температура од 45,7 степени Целзиусови, што е највисока дневна температура забележана во оваа земја од почетокот на годината.
Рекордната температура била измерена во Ел Гранадо на југот од Андалузија, на границата со Португалија, соопшти шпанската метеоролошка служба.
Истовремено, соборен е и рекордот за највисока температура во Шпанија во месец септември.
Метеоролозите предупредуваат дека необично високите температури за овој дел од годината ќе продолжат и наредната недела, а во одделни делови на Шпанија се очекуваат температури над 40 степени, особено на југот од Шпанија.
Слични новости
„Одисеја“ на Кристофер Нолан во декември повторно во кино салите пред сезоната за доделување филмски награди
Враќањето на филмот во кината во декември е поради сезоната на Златните глобуси и Оскарите, а Универзал се надева дека „Одисеја“ ќе има номинации во клучните категории.
Ресторанот „Ечебари грил“ од мало шпанско гратче прогласен за најдобар ресторан во светот
Шпанскиот ресторан „Ечебари грил“ е прогласен за најдобар рестоан во светот за оваа година, според листата на најдобрите 50 ресторани која ја избира меѓународната Академија со повеќе од 1,100 независни експерти од областа на гастрономијата.
Вестминстерската палата изложена на катастрофа
Комитетот за јавни сметки на Долниот дом на британскиот парламент денеска предупреди дека Вестминстерската палата е изложена на опасност од „катастрофален настан“ како што беше пожарот во катедралата „Нотр Дам“ во Париз


