Француските здравствени власти денеска потврдија прв случај на ебола во земјата кај лекар кој се вратил од хуманитарна мисија во ДР Конго.

Министерството за здравство на Франција соопшти дека пациентот е сместен во специјализирана установа и е во изолација, а надлежните служби започнаа идентификација и следење на лицата кои со него биле во контакт, објави „Фигаро“.

Властите наведуваат дека ризикот за општата поулација во Франција и Европа е низок.

Според податоците на СЗО актуелната епидемија на ебола во ДР Конго зарази повеќе од 1.000 луѓе, а 267 луѓе починаа од ебола.

Слични новости

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Користењето на лекови наменети за лечење на дијабетесот, како Оземпек или Вигови, заради губење на килограми може да имаат негативни последици, а телесната тежина ќе се врати доколку по престанокот на пиењето на лековите не се води сметка за исхраната.