Со 16-минутна тишина денеска во Нови Сад во 11 часот и 52 минути беше оддадена почит за 16- луѓе загинати во падот на бетонската настрешница на железничката станица лани во Нови Сад.

Кон градот се уште се движат колони граѓани од кои сакаат да присуствуваат на денешниот комеморативен собир по повод година дена од трагедијата во која меѓу загинатите беше и македонски државјанин. Палат свеќи, оставаат цвеќе на оградата на железничката станица. Полицијата е присутна секаде во градот. На главниот булевар во градот се поставени штандови каде поради високи температури се нудат вода и сокови.

 Во Србија денеска е Ден на жалост по повод годишнината од смртта и страдањето на граѓани поради уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, но и ден кога голем број луѓе од целата држава одржуваат комеморативен собир во тој град во Војводина со цел – да оддадат почит на загинатите.

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе