Викендов во САД се емитуваше премиерата на филмот „Нирнберг“ на режисерот Џејмс Вандербилт со Расел Кроу, Мајкл Шенон и Реми Малик во главните улоги.

Критичарите смеаат дека филмот на Сони ќе биде еден од главните фаворити на годинашното доделување на Златните глобуси и Оскарите.

Станува збор за историски филм за „Нирнбершкиот процес“ и опсесивноста на психијатар кој го истражува коренот на злото кај нацистите. Филмот се најде и на петтото место на Бокс Офисот со заработка од 4,1 милион долари во САД.

 

Премиера имаше и филмот „Умри моја љубов“ со Џенифер Лоренс и Роберт Патинсон на Лин Ремзи. Иако и за овој филм беше највувано дека ќе влезе во трка за награди и влезе во првите десет на Бокс Офисот со заработка од 2,5 милиони евра, филмот доби исклучително лоши критики и оценка Д од публиката.

Слични новости

Почина актерот Питер Грин

Почина актерот Питер Грин

Актерот Питер Грин (60) познат по улогите на негативен лик во филмовите „Pulp fiction“ и „Mask“ почина во неговиот дом во Њујорк, соопшти неговиот менаџер, а причината за смртта сеуште не е објавена