На 21 ноември, сабота, од 12 до 14 часот во Охрид ќе се одржи мирен граѓански протест против фемицидите, родово базираното и семејното насилство и институционалното непостапување.

„Протестот е поттикнат од гневот и загриженоста поради сеприсутното насилство врз жените, но и од случајот на насилство, кој го потресе Охрид и нè потсети дека насилството не се случува само „некаде таму“, туку блиску до нас, можеби и меѓу луѓето што ги познаваме.

Преку глава ни е од молк, оправдувања и институции што не реагираат навреме. Бараме заштита, одговорност и конкретни промени“, велат организаторите на протестот.

Слични новости

Македонија одбележува 35 години независност

На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава