Во рускиот напад во близина на Буче во Киевскиот регион, загинаа најмалку 27 луѓе, додека 42 лица се ранети, од кои 4 деца, соопшти денеска началникот на Киевскиот регион Тимур Ткаченко.
Ткаченко наведе дека на местото на нападот и натаму траат спасувачките и противпожарните активности, вклучувајќи отстранување на урнатите конструкции, гаснење на пожари, потрага по преживеани и преглед на објектите на околното подрачје.
Кај ранетите седум се во потешка состојба и се хоспитализирани, а на другите им е пружена медициснка помош. Оштетени се околу 50 станбени објекти, а од зоната се евакуирани 381 лице, меѓу кои и 59 деца.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.