Состанокот на Советот за безбедност вна Обединетите нации за Венецуела е најавен за понеделник наутро, откако голем број светски лидери изразија загриженост за опасниот преседан да се напаѓаат суверени држави.

Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш изрази длабока загриженост поради акцијата на САД во Венецуела која како што рече, поставува „опасен преседан“.

Американските сили ноќеска покренаа воздушни напади врз каракас и други области во Венецуела, по што, како што соопшти американскиот претседател Доналд Трамп го заробија претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга.

Министерството за правда на САД денеска подигна ново обвинение против Мадуро, неговата сиопруга и синот на 25 страници во кое се наведува дека Мадуро и неговите сојузници „ги претвориле институциите во Венецуела во жариште на корупцијата која покренува трговија со дрога„.

Во обвинението се наведува дека корумпирана власта произведува и дистибуира кокаин во САД, иако е познато дека најголемото количество дрога во САД доаѓа преку нарко картелите од Мексико.

Слични новости

Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн

Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн

Норвешката полиција во четвртокот соопшти дека отворила истрага за „отежната корупција“ против поранешниот премиер Торбјорн Јагланд поради неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.

Атентат врз руски генерал во Москва

Атентат врз руски генерал во Москва

Високиот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.