Италијанското министертсво за надворешни работи соопшти дека 47 луѓе загинаа во пожарот во скијачкиот центар Кран-Монтана во Швајцарија, а пет жртви сеуште не се идентификувани, јави Скај њуз.

Од швајцарскиот кантон Вале денска соопштија дека 80-100 луѓе повредени во пожарот се префрлени во болница и се наоѓаат во критична состојба. Државниот советник на кантонот Стефан Ганцер изјави дека се повредени 115 луѓе во пожарот.

Според изјавите на очевитците пожарот избувнал околу 1.30 по полноќ, кога во барот биле лансирани шишиња со шампањско со огномет што предизвикал експлозија која брзо го зафатила плафонот на објектот.

Пожарот бргу се проширил и го зафатил подрумот во кој се наоѓале многу млади луѓе, повеќето тинејџери.

Слични новости