Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува со разгледувањето на предлог-буџетот за 2027 година, во второ читање. За буџетот се поднесени над 300 амандмани, а комисиската расправа ќе трае вкупно 10 дена.

Буџетскиот дефицит ќе изнесува 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП.

За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари, а за плати речиси 57,2 милијарди денари.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најави дека со буџетот се очекува економски раст од 3,8 отсто во 2027 година.

Слични новости