Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судскиот процес за случајот „Државна лотарија“, во кој се обвинети поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами и уште шест лица.

Во меѓувреме, на 3 ноември судот му го укина притворот на Бајрами, прифаќајќи гаранција во недвижен имот во вредност од над 1,14 милиони евра.Наместо притвор, му се определени мерки на претпазливост, меѓу кои одземање на патната исправа и редовно јавување во судот.

Според обвинението, осумтемина обвинети со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од 596,1 милион денари.Сите обвинети досега се изјасниле дека не се чувствуваат виновни.

 

Слични новости

Објавена нова граѓанска обврзница од 100 милиони денари

Објавена нова граѓанска обврзница од 100 милиони денари

Министерството за финансии објави Проспект за издавање нова емисија Граѓански обврзници. Станува збор за четврта емисија Граѓански обврзници коишто ќе бидат со рок на доспевање 2 години и каматна стапка од 4,6% годишно.