Во 2025 година, жените држеа 33,6% од местата во националните парламенти низ ЕУ, што претставува зголемување од 5,4 процентни поени во споредба со 2015 година. Во македонскиот парламент 37,5 проценти од пратениците се жени, што е зголемување од 3,4 процентни поени во споредба со 2015 година, покажуваат податоците на Евростат.

Најголем удел на жени во своите парламенти имаат Финска (46,0%), Шведска (44,8%) и Данска (44,7%), додека Кипар (14,3%), Унгарија (15,6%) и Романија (22,0%) имаат најнизок.

Жените држат 31,9% од местата во националните влади, што е зголемување од 4,2 процентни поени во споредба со 2015 година. Во македонската влада жените учествуваат со 12,5%, што е зголемување од 2,5 процентни поени во однос на 2015 година.

Слични новости

Зголемувањето на минималната плата на 600 евра ќе затвори многу дуќани, реагираат занаетчиите

Зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра ќе предизвика затворање на голем број на занаетчиски дуќани и отпуштање вработени, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје.