Очекуваниот животен век при раѓање во Европската Унија изнесува 81,5 години, додека во Македонија 76,6 години, покажуваат податоците од Евростат.
Највисок животен век има шпанскиот регион Комунидад де Мадрид, со 85,7 години, додека најмал има во Северозападниот регион во Бугарија со 73,9 години.
Жените на ниво на ЕУ се очекува да живеат 5,2 години подолго од мажите, додека во Македонија 4,4 години.
Според податоците од Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 е 76,63 години, со тоа што животниот век на жените е 78,86 години, а на мажите за 4,4 години помал 74,48 години.
Слични новости
Премиерот Мицкоски смета дека нема потреба од прогласување кризна состојба
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека не гледа потреба за прогласување кризна состојба поради порастот на цените на горивата.
Продолжува судењето за случајот „Пулс“
Во судницата во Идризово денеска ново рочиште за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
Се очекува поскапување на дизелот во Македонија кој главно го нема
На повеќето бензински пумпи во Македонија нема дизел гориво, а на бензинските пумпи на Лукоил доколку најдете дизел гориво, има ограничување на точење.


