Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие, од 19 до 20 август до 07:30 часот, на територијата на Македонија биле регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор. Пет се сè уште активни, еден е ставен под контрола, а 31 пожар е изгаснат.
Најкритична и натаму е состојбата во Мариово, каде што активен е пожарот кај селото Чаниште, на повеќе краци.Огнот зафаќа простор од село Чаниште кон Крушевица и Лопатица, како и крак кон Црна Река и крак кон селото Орле, на територијата на Општина Новаци. Гори ниска вегетација.
Во Општина Македонски Брод активен е пожарот во месноста Видуш, кај селата Драгов Дол и Локвица. Гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.
Слични новости
Пеколни горештини во Македонија со температури до 39 степени
Максималните температури ќе достигнат од 33 до 39 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а максималната дневна температура ќе достигне 38 степени.
Нови 11 случаи на ХИВ регистрирани во јули во Македонија
Нови 11 случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани во јули во земјава – покажуваат податоците на Институот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања. Од вкупниот број регистрирани случаи, девет се мажи и две се жени
Крум Ефремов ќе биде новиот македонски амбасадор во Софија
Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.


