Во Либан е раселена дури 20 насто од полулацијата за само три недели откако израелски сили упаднаа во таа земја, а дневно се ислеуваат околу 19 000 деца, соопштија ОН.
УНИЦЕФ во Либан нема можност да стигне до децата, особено на југот од земјата, по бомбардирањата и уништувањето на неколку мостови во израелските воздушни напади.
Во делови на Либан поради бомбардирањата нема пристап до чиста вода, откако резервоарите и станиците за црпење вода се уништени.
Училиштата во Либан и натаму остануваат затворени.
Слични новости
Иран го обвинува Венс дека го известувал Нетанјаху за текот на преговорите
За време на неодамнешните разговори меѓу САД и Иран во Исламабад, потпретседателот на САД Џеј Ди Венс одржувал паралелна комуникација со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави иранската телевизија.
Најава за втора рунда разговори Иран-САД
Официјални претставници потврдија дека разговорите за можен втор круг мировни преговори со Техеран се во тек и ги оценија како „продуктивни“.
Трамп и упати писмо на Кина да не испраќа оружје на Иран, Пекинг демантираше
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека писмено побарал од кинескиот претседател Си Џинпинг да не дава оружје на Иран. Кинескиот претседател му одговорил дека Кина не го снабдува Иран со оружје.


