Агенцијата Ројтерс пренсе дека веќе четири дена главниот град на Иран Техеран е релативно мирен. Жителите на Иран и државните медиуми на земјата објавуваат дека безбедносните мерки засега ги задушија протестите и дека продолжуваат апсењата.

Жителите на другите делови од земјата, вклучувајќи го и северот на Иран на брегот на Каспиското море, исто така пријавуваат дека улиците се мирни.

Протестите избувнаа на 28 декември поради екомомски потешкотии, а потоа прераснаа во масовни демонстрации со барање за окончување на клерикалната власт, а кулминираа со насилства минатата недела.

Во најтешките немири во Иран по 1979 загинаа најмалку 3.000 луѓе, иако има извештаи дека таа бројка е можеби многу повисока.  

Слични новости

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската војска соопшти дека почнала „целна копнена операција против клучни цели“ во јужен Либан, испраќајќи повеќе сили подлабоко во областа како дел од проширената тампон-зона