Во земјите на Европската унија во август се регистрирани 677.786 нови патнички автомобили, што е за 5,3 насто повеќе во однос на истиот месец минатата година, објави денеска здружението на европски производители на автомобили.

Во водечките европски држави се забележани различни трендови. Шпанија бележи силен пораст на регистрација на нови патнички автомобили за 17,2 насто меѓугодишно, во Германија растот избесува 5 проценти, во Франција 2,2 насто, а во Италија езабележан пад за 5,1 насто.

Најголем раст е забележан во сегментот на електрични возила на батерии каде што регистрациите пораснаа за цели 30 насто во однос на минатата година.

Слични новости

„Gunvor“ ја повлекува понудата за купување на имотот на руски „Лукоил“ во странство

„Gunvor“ ја повлекува понудата за купување на имотот на руски „Лукоил“ во странство

Мултинационалниот швајцарски трговец со енергенси „Gunvor“ соопшти дека ја повлекува својата понуда за купување на странски средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“ откако Министерството за финансии на САД сигнализираше дека има намера да му одбие лиценца за бизнис