Изгледите за наоѓање работа во Германија паднаа на најниското ниво било кога забележано во историјата, изјави шефицата на Сојузната агенција за вработување Андре Налес. Индикаторот на вработеност кој обично изнесува околу седум поени, падна на 5,7 што е најнизок резултат забележан било кога.
Бројот на компании кои прогласија банкрот порасна на 11-годишниот максимум во првите три квартали од 2025, придонесувајќи за загубата на работните места. Институтот за економски истражувања во Хале проценува дека околу 170.000 работни места биле погодени од овие процеси, што е речиси двојно повеќе отколку во периодот пред Ковид пандемијата.
Невработеноста во Германија во август надмина 3 милиони луѓе, а перспективите се лоши, со оглед на проекциите дека БДП-то во Германија ќе има скромен раст од 0,2 насто.
Слични новости
Инфлацијата во Велика Британија падна на 3 насто во јануари
До тоа дојде пред се благодарение на пониските цени на бензините и забавувањето на поскапувањето на храната, објавува Гардијан.
Британските банки планираат алетернатива за платежните картички поради страв од Трамп
Шефoвите на најголемите британски банки го одржаа првиот состанок за воспоставување на локален платен систем, познат како „ DeliveryCo” за да ја намалат зависноста од американските платни картички Виза и Мастеркард
Германија: Илjaдници работодавачи одбивале да исплатат минимална плата за 2025
Илладници работодавачи во Германија одбија да ја исплаата минималната плата во текот на 2025, соопшти финансиската контрола за непријавена работа


