Македонија и Црнагора ги прекинаа блокадите на граничните премини, додека превозниците на товар од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат да ги блокираат товарните терминали на граничните премини петти ден.
ЕК вчера објави нова визна стратегија што би го решила проблемот со ограничувањата за престој на професионалните возачи во Шенген зоната.
На 3 февруари во вторник, ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со претставници на Европската комисија за проблемот на превозниците од регионот во Шенген зоната.
Новата визна стратегија на ЕУ што ја презентираше ЕК, како што беше најавено, ќе им помогне на превозниците од Западен Балкан, бидејќи „ЕУ сака да овозможи пофлексибилни правила за прекуграничните работници“.
Возачите на камиони од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина почнаа да ги блокираат граничните премини во понеделникот, 26 јануари, сметајќи дека новиот систем за контрола на влез и излез во Шенген зоната дискриминира превозници од ЕУ.
Слични новости
Европските лидери повикаа на отворање на Ормутскиот Теснец и прекин на нападите врз енергетската инфраструктура
Лидерите на ЕУ повикаа на повторно отворање на Ормутскиот Теснец и мораториум на нападите врз водоводната и енергетската инфраструктура на Блискиот Исток.
Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ
Според податоците од Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 во Македонија е 76,63 години
Обвинение против екс правобранителот Фехми Стафа
Јвен обвинител поднесе обвинителен акт против Стафа за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание,.


