Пукањето во Минеаполис во кое агент на граничната полкиција го уби Алекс Прети предизвика бран протести ширум Америка од Њујорк до Лос Анџелес.

Демонстрантите гневни на убиството протестираат и против се поострите мерки на американските власти за имиграциска контрола.

Во Њујорк демонстрантите носеа транспаренти повикувајќи да се укине имиграциската служба, а во Лос Анџелес беше одржан собир во знак на сечавање на жртвата.

Во Вашингтон кај седиштето на американската служба за имиграција беа организирани протести на кои демонстрантите бараа одговорност и крај на праксата за која сметаа дека е репресивна.

Демонстрациите се дел од поширокиот бран протести ширум Америка, вклучувајќи и градовите како што се Бостон и Провиденс, каде што илјадници луѓе бараат реформа на имиграциската политика и одговорност на федералните органи, изразувајќи незадоволство поради употребата на сила.

 

Слични новости

Техеран испука балистички ракети кон базата „Диего Гарсија“ на 4.000 километри од брегот на Иран

Техеран испука балистички ракети кон базата „Диего Гарсија“ на 4.000 километри од брегот на Иран

Иранскиот напад предизвика загриженост во Вашингтон бидејќи Техеран со години тврди дека дострелот на неговите ракети е 2.000 километри, додека нападот покажува дека Иран има капацитет да нападне цели и на 4.000 километри.