На њујоршки Волстрит, цените на акциите паднаа во понеделникот, главно во технолошкиот сектор, бидејќи индексот S&P 500 се лизна од рекордно високото ниво.

Индексот Dow Jones падна за 0,51 отсто на 48.461 поени, додека S&P 500 се намали за 0,35 отсто на 6.905 поени, а Nasdaq индексот за 0,50 отсто на 23.474 поени.

Минатата седмица S&P 500 достигна рекордно високо ниво, главно благодарение на зголемувањето на цените на акциите кај голем број технолошки гиганти. Сепак, оваа седмица започна со пад на цените на тие акции, а падна и S&P 500.

Цената на „Tesla“ вчера се лизна за повеќе од 3 отсто, на „Nvidia“ за повеќе од 1 отсто, а повеќето други технолошки акции, исто така, беа под притисок.

Од почетокот на годината, S&P 500 индексот порасна за околу 17 отсто, благодарение на намалувањето на каматните стапки од страна на американската централна банка и уште поголемата еуфорија во врска со развојот на вештачката интелигенција.

Така, владеењето на „биковите“ на пазарот, кое започна во октомври 2022 година, продолжи и оваа година.

Питер Опенхајмер, стратег во банката „Goldman Sachs“, очекува пазарот да расте и следната година.

„Со оглед на тоа што се очекува глобалната економија да расте и американската централна банка дополнително да ги намали каматните стапки, би било многу невообичаено цените на акциите значително да паднат или пазарот да биде доминиран од „мечки“, ако нема рецесија“, пишува Опенхајмер во својот преглед на состојбата на пазарот.

А на европските берзи вчера се тргуваше претпазливо. Лондонскиот индекс FTSE падна за 0,04 отсто на 9.866 поени, додека франкфуртскиот DAX доби на вредноста 0,05 отсто на 24.351 поен, а парискиот CAC 40 порасна за 0,10 отсто на 8.112 поени.

globe

Слични новости

Антонио Гутереш повика на економски пресврт и напуштањето на БДП како главна мерка на пресметка на успехот

Антонио Гутереш повика на економски пресврт и напуштањето на БДП како главна мерка на пресметка на успехот

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека сегашните економски модели го наградуваат загадувањето и трошењето на ресурсите и водат кон еколошка катастрофа.

Продажбаата на кинеската кукла Лабубу надмина 100 милиони во 2025

Продажбаата на кинеската кукла Лабубу надмина 100 милиони во 2025

Аналитичарите истакнуваат дека овие резултати означуваат клучна промена во кинеската економија затоа што фокусот се поместува од традиционалната етикета „прозведено во Кина“ на модерната „креирано во Кина“.