На њујоршки Волстрит, берзанските индекси паднаа четврти ден по ред во средата, со најголем пад на акциите во технолошкиот сектор, бидејќи инвеститорите стануваат сè позагрижени за огромните трошоци за развој на вештачка интелигенција.
Индексот Dow Jones падна за 0,47 отсто на 47.885 поени, додека S&P 500 се лизна за 1,16 отсто на 6.721 поен, а индексот Nasdaq потона за 1,81 отсто на 22.693 поени.
Откако се приближија до рекордни нивоа минатата седмица, индексите Dow Jones и S&P 500 паднаа четврти ден по ред. Од друга страна, Nasdaq индексот вчера ги загуби сите добивки од претходниот ден, кога се чинеше дека притисокот врз технолошкиот сектор е намален.
Сепак, ова изгледаше како да е случај само затоа што вчера цените на акциите на технолошките гиганти паднаа најмногу.
Цената на „Oraclea“ потона за повеќе од 5 отсто, на „Broadcom“ за 4,5 отсто, на „Nvidia“ за речиси 4 отсто, на „Alphabet“ за повеќе од 3 отсто, а акциите на голем број други компании кои развиваат вештачка интелигенција (ВИ), исто така, беа под притисок.
До неодамна, секоја вест за нови инвестиции во развојот на вештачката интелигенција го поттикнуваше растот на цените на акциите на технолошките компании, но последните седмици инвеститорите се прашуваа колку од овие инвестиции ќе се исплатат и дали овие огромни инвестиции ќе доведат до презадолженост, како што беше случајот на почетокот на овој век и што доведе до таканаречената „’dot-com“ криза.
„Постои растечка вознемиреност околу тргувањето со вештачка интелигенција. Не само поради нивото на капитални инвестиции, туку и поради циркуларната природа на некои од трошоците. Постојат растечки прашања за одржливоста и повратот на инвестициите од тие трошоци“, вели Рос Мејфилд, стратег во компанијата „Baird Private Wealth Management“.
Цените на акциите, исто така, вчера паднаа на повеќето европски берзи. Иако лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,92 отсто на 9.774 поени, франкфуртскиот DAX се лизна за 0,48 отсто на 23.960 поени, а парискиот CAC 40 падна за 0,25 отсто на 8.086 поени.
Слични новости
Европските берзански индекси во пораст
Европските берзански индекси денеска се главно во пораст, откако беше продолжен позитивниот тренд од петокот
Антонио Гутереш повика на економски пресврт и напуштањето на БДП како главна мерка на пресметка на успехот
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека сегашните економски модели го наградуваат загадувањето и трошењето на ресурсите и водат кон еколошка катастрофа.
Продажбаата на кинеската кукла Лабубу надмина 100 милиони во 2025
Аналитичарите истакнуваат дека овие резултати означуваат клучна промена во кинеската економија затоа што фокусот се поместува од традиционалната етикета „прозведено во Кина“ на модерната „креирано во Кина“.


