Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница го именуваше Валентин Манасиевски за нов портпарол на партијата и назначи нови претседатели на општинските комитети на партијата.
„Дел се нови лица кои ќе внесат свежина во местата од каде што доаѓаат, а другиот дел се актуелни и докажани претседатели кои донесоа големи победи на изминатите изборни циклуси, но и големи позитивни промени во локалните самоуправи“, велат од партијата.
Пратеникот Тони Јаревски е назначен за претседател на ОК Карпош, директорот на Катастарот Иван Живковски за ОК Кисела Вода, градоначалникот Дејан Митески за ОК Аеродром, пратеникот Сергеј Попов за ОК Центар, заменик министерот Ѓоко Велковски за ОК Чаир,градоначачникот Дарко Костовски за ОК Бутел, пратеникот Бојан Стојаноски за ОК Ѓорче Петров, пратеникот Душко Иванов за ОК Штип, пратеникот Александар Велјановски за ОК Тетово, советникот Мартин Андоновски за ОК Гостивар.
Слични новости
Македонија за прв пат избрана за членка во ЕКОСОК
За првпат од осамостојувањето Македонија е избрана за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации за мандатниот период 2027–2029 година.
Рокас: Уставните измени се клучни за напредок кон ЕУ
Евроамбасадорот Михалис Рокас порача дека обврските преземени во 2022 година, вклучително и уставните измени, треба да бидат спроведени за Македонија да го продолжи патот кон отворање на преговорите со Европската Унија.
Самит ЕУ-Западен Балкан во Тиват
Според најавите Германскиот канцелар Фридрих Мерц и Францускиот претседател Емануел Макрон планираат на Самитот ЕУ – Западен Балкан и Молдавија да презентираат нова иницијатива со која ќе се забрза интеграцијата на земјите кандидатки од Западен Балкан во ЕУ.


