Со новата реконструкција на владата досегашниот директор на Фондот за здравство Сашо Клековски доаѓа на чело на министерството за здравство на местото на Азир Алиу. Ѓоко Велковски, исто така од ВМРО ДПМНЕ го презема министерството за труд и социјала на местото на Фатмит Лимани.

Зоран Љутков од ВМРО ДПМНЕ ќе биде сменет со Седат Сулејмани од Вреди. Агон Ферати од Вреди станува вицепремиер и министер за политички систем на местото на Иван Стоиљковиќ, кој ќе биде министер за локална самоуправа.

Вреди ќе го добие и министерството за правда каде што доаѓа Јетон Шасивари на местото на досегашниот министер Игор Филков од ЗНАМ. Партијата на Димитривески пак го одбива министерството за земјоделие кое ќе го водеи Борче Серафимовски.

Според владејачката партија, новиот владин состав ќе продолжи со засилено темпо да ги реализира започнатите проекти и реформски процеси, со фокус на конкретни резултати, отчетност и исполнување на ветувањата

Опозицискиот СДСМ, коментирајќи ги промените во владиниот кабинет што синоќа ги соопшти премиерот Христијан Мицкоски, оцени дека реконструкцијата на Владата претставува театар без резултати и суштинска реформа

Од ДУИ, пак, порачаа дека „Вреди е големо ништо во Владата“.

Слични новости

Обвинителството ќе ја анализира пресудата па ќе донесе одлука дали да ја обжали пресудата за Талир 2

Обвинителството ќе ја анализира пресудата па ќе донесе одлука дали да ја обжали пресудата за Талир 2

Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откако ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение, изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески.

СДСМ обвини дека Македонија не е правна држава туку систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот

СДСМ обвини дека Македонија не е правна држава туку систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес конференција обвини дека Македонија не е правна држава, туку контролиран систем во кој Христијан Мицкоски одлучува кој ќе биде над законот, а кој ќе биде прогонуван.