ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение повторно го критикуваше лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека се залага за спроведување на уставни измени без претходно обезбедени гаранции од Европската Унија.
Од владејачката партија соопштуваат дека Филипче ја продолжува политиката на поранешното раководство на СДСМ, предводено од Зоран Заев, која, според нив, довела до отстапки без соодветни гаранции за напредок на државата во евроинтегративниот процес.
Во соопштението се наведува дека Македонија нема да прифати нови уставни измени без јасни и цврсти гаранции од Европската Унија, како и без исполнување на обврските од страна на Бугарија, вклучително и спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Слични новости
СДСМ не ја прифати поканата на Левица за состанок за Изборниот законик
Социјадемократите преку соопштение денеска го повторија својот став околу гласањето на дијаспората по електронски пат или пошта дека е за кражба на гласови.
Ноќеска запален автомобил на судијата Ѓоко Ристов
Ноќеска целосно изгоре патнички автомобил „пасат“ со скопски регистарски ознаки во скопската населба Тафталиџе, при што пожарот оштети уште две возила и деловен објект.Aвтомобилот бил во сопственост на судијата Ѓоко Ристов, соопшти МВР.
Разрешени осум министри од владата во парламентот
Од првиот ден, кога ја презедовме одговорноста, кажав дека оваа Влада нема да биде Влада на комфор, изјави пред пратениците премиерот Христијан Мицкоски.


