На вчерашните локални избори, градоначалник во првиот круг е избран во 44 општини, покажуваат првичните неофицијални резултати од Државната изборна комисија (ДИК).

Убедливо најголемиот дел градоначалнички места „заминаа“ во рацете на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, која, според обработени 99,94 отсто од гласачките ливчиња на 3.472 од вкупно 3.474 избирачки места, освои градоначалнички места во 32 општини.

Од останатите партии, коалицијата ВЛЕН освои 5 општини, додека коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ) предводена од ДУИ во четири општини.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во првиот круг добија градоначалнички мандати во:
Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица и Штип.

СДСМ освои градоначалнички места во Богданци, Крива Паланка и Кривогаштани.

Градоначалник од ВЛЕН добија Арачиново, Желино, Сарај, Чаир и Теарце.

НАИ (ДУИ) поведи во четири општини: Гостивар, Липково, Пласница и Чашка.

Во Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше изборите ќе треба да се повторат, бидејќи не излегла најмалку една третина од запишаните избирачи, како што пропишува Изборниот законик.

Вториот круг од локалните избори ќе биде одржан на 2 ноември.

globe

Слични новости

Катица Јанева условно пуштена од „Идризово“

Катица Јанева условно пуштена од „Идризово“

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби условен отпуст и на почетокот на неделата го напушти затворот „Идризово“, иако нејзината затворска казна формално трае до 2027 година.