СДСМ го координира и управува Сојузот на синдикатите на Македонија, како на централно така и на локално ниво, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Тој додаде дека во пресрет на протестот во сабота организиран формално од ССМ, а логистички и технички од СДСМ, главните лица за контакт од општините се луѓе на СДСМ.

Од СДСМ и ССМ веќе не се ни кријат за соработката која ја имаат со една единствена цел, а таа цел не е барање за зголемување на платите, туку целта им е да ѝ наштетат на владата – рече Петрушевски.

Слични новости

Зголемувањето на минималната плата на 600 евра ќе затвори многу дуќани, реагираат занаетчиите

Зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра ќе предизвика затворање на голем број на занаетчиски дуќани и отпуштање вработени, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје.