СДСМ никако да сопре со ширењето хистерија, страв и паника меѓу граѓаните. Ќе заврши со водата за пиење во едно населено место, ќе се префрли во други.

И за тоа немаат ниту грам срам, грижа на совест, ниту одговорност, ниту пак имаше извинување од нив за хистеријата и дезинформациите кои ги ширеа по насока на двоецот Венко Филипче и Зоран Заев додека уживаат на јахта во Грција.

Но додека во СДСМ се препелкаат во сопствениот талог и кал, институциите работат и ги решаваат проблемите, меѓу кои и тие со водата, наведува ВМРО ДПМНЕ во партиското соопштение.

 

 

Слични новости