Заменик-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Бране Петрушевски денеска остро реагираше на одлуката на Врховниот суд со која беа укинати пресудите за поранешните директори на Клиничката болница во Тетово во случајот со пожарот во модуларната болница и предметот беше вратен на повторно судење.

На прес-конференција, Петрушевски упати политички обвинувања кон претседателот на Врховниот суд Африм Фидани, како и кон лидерите на СДСМ и ДУИ, Венко Филипче и Али Ахмети, оценувајќи дека одлуката претставува тежок удар за семејствата на жртвите во трагедијата.

 

„Врховниот суд на Африм Фидани, диригиран од Филипче и Ахмети, ги ослободува од вина директорите на Тетовската болница во која се запали модуларната болница. Каков срам за правосудството во Македонија“ – рече Петрушевски.

Тој потсети дека во претходните судски постапки поранешните директори Флорим Бесими и Артан Етеми најпрво добија казни од по една и пол година затвор, по што Апелациониот суд им ги зголеми казните на по три години затвор.

 

Слични новости

Активни три пожари на отворен простор, а 25 изгаснати во изминатото деноноќие

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи