Коалицијата Влен која е дел од актелната влада оцени дека откако ДУИ катастрофално изгубиле на локалните избори минатата година и „паднаа во вода сите лажни ветувањата на нејзиниот лидер Али Ахмети за предвремени избори и наводен влез во владата“, на Груби не му останува ништо друго освен „да се соочи со сопствените гревови“.

„Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв затоа што не знаат што сè е подготвен да прозбори“, наведуваат во соопштението од Вреди.

Вреди смета дека Грби сега ќе го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и на ДУИ и најавуваат дека “кој се ќе оди курбан со него“ допрва ќе се види.

Слични новости

Се зголемува поддршката за членство во ЕУ, повторно е над 70 проценти

Се зголемува поддршката за членство во ЕУ, повторно е над 70 проценти

Драстично зголемување на поддршката има кај етничките Македонци од дури 15 проценти, а таква промена е забележана и кај поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, па од 43 проценти во 2023, доколку утре има гласање за влез во ЕУ, „за“ би гласале 70 проценти од нив.