Владата го намалува ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 отсто. Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за Еуросупер БС-95, односно 102,5 денари за литар Еуросупер БС-98.

Одслуката, како што информира владата, е со цел да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Повластената даночна стапка од 10% ќе се применува од вечерва по полноќ до полноќ на 28 септември.

Во меѓувреме, пак, цената на американската сурова нафта ВТИ се искачи на над 100 долари за барел што е највисоко ниво во последните четири месеци.

 

Слични новости

СДСМ: Хибридна војна на Вучиќ на Балканот – Мицкоски и Стоилковиќ се само извршители

СДСМ: Хибридна војна на Вучиќ на Балканот – Мицкоски и Стоилковиќ се само извршители

Медиумите се подготвени. Латас, човек на српските служби, води кампањи по методот на Гебелс, навреди, поделби, постојано повторување на ист навредлив термин за да се дехуманизира политичкиот противник.