Актуелниот англиски шампион не личи на себе на стартот на новата сезона. На хартија се личеше добро поради првите пет победи од пет натпревари во Премиер лигата и убедливото водство на табелата, но повеќето од нив беа извојувани во последните секунди од натпреварите, што го прикри фактот дека Ливерпул игра многу лошо.

Синоќа Глатасарај го победи Ливерпул со 1:0 во Лигата на шампионите, што беше втор пораз за Арне Слот во три дена. Во минатата сезона Ливерпул имаше два порази дури по 29 одиграни натпревари.

Тренерот Арне Слот уште отсега е под голем притисок со оглед на фактот дека Ливерпул потроши повеќе од 400 милиони фунти на скапи засилувања кои за сега не ги оправдуваат очекувањата, особено Флоријан Вирц. Милош Керкез не покажа дека е подобар во однос на Енди Робертс на левата страна, исто како и Џереми Фрипонг на десната.

Дополнителен проблем за Ливерпул се синоќешните повреди на голманот Алисон кој сигурно нема да брани на натпреварот против Челси овој викенд и Етиките, за кој лекарите се надеваат дека доживеа само грч на мускулите.

Посебна грижа е лошата игра на Ливерпул, а за среќа по дербито со Челси викендов, настапува репрезентативна пауза и шанса за рестарт пред продолжението на сезоната.

Слични новости