Шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш кој минатата сезона дојде во Арсенал од Спортинг Лисабон е незадоволен од слабата минутажа и сака да го напушти англискиот првак Арсенал.
Ѓокереш е сосема во втор план, бидејќи прв центарфор на Арсенал е Каи хаверц, а освен тоа на неговата позиција Артета понекогаш го уфрлува и Мерино.
Во Премиер лигата Ѓокереш сезонава изигра само 29 минути, а викендов во Брајтон беше дури трета заемна иако Арсенал беше во негатива.
Ѓокереш сака да оди во Милан, каде што тренер е Рубен Аморим кај кого Ѓокереш одлично играше во Спортинг од Лисабон, но се верува дека во трката за напаѓачот ќе се вклучат и Јувентус и Атлетико Мадрид.
Слични новости
Фудбалерот на Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш прогласен за најдобар играч на Премиер лигата
Фернандеш минатата сезона го собори рекордот на Премиер лигата со дури 21 асистенција, а постигна и девет гола, со што му помогна на јунајтед да го освои третото место и да се врати во Лигата на шампионите.
