Студиото Ворнер Брос викендов ќе ја лансира светската премиера на римејкот на филмот Оркански висови, сниман според славниот роман на Емили Бронте.

Режисер на филмот е Емералд Фенел, а во главни улоги играат Маргот Роби и Џејкоб Елорди, кој е номиниран за оскар за улогата на Франкештајновото чудовиште.

По тивкиот викенд на американскиот Бокс Офис, поради финалето на американскиот Супербоул, повеќе студија најавуваат премиери за викендов.

На американскиот Бокс Офис и натаму прв е хорор трилерот „Испратете помош“ на режисерот Сем раими со Рејчел Мек Адамас во главната улога.   

Слични новости

„Хоперс“ и натаму прв на Бокс Офисот

„Хоперс“ и натаму прв на Бокс Офисот

Анимираниот филм „Хоперс“ и натаму е убедливо прв на американскиот Бокс Офис, иако забележа голем пад на гледаноста во втората недела од прикажувањето во кино салите.