Студиото Сони денеска ќе ја има светската премиера на хоророт „Резидент евил“ и се надева на заработка од околу 40 милиони долари викендов и прво место на американскиот Бокс офис.
Сценариото и режијата на филмот чиј буџет беше 75 милиони долари се на Зак Крегер, а филмот од денеска ќе се прикажува во 3.500 кино сали низ САД.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Остин Абрамс, Зак Кери, Кали Рајс и Пол Волтер Хаузер.
„Резидент евил“ е филмска франшиза настаната од популарната видео игра од 1996-та година.
Слични новости
На Берлиналето во 2027 документарец за концертни настапи на Дејвид Боуви
Иконата на рок музиката, починатиот Дејвид Боуви се враќа на Берлинскиот филмски фестивал. Режисерот Брет Морган, кој има номинација за Оскар за документарен филм, во Берлин ќе ја има светската премиера на „Стејџ“ нови материјали за концертните искуства на Дејвид Боуви.
Славниот ирански режисер Јафар Панахи осуден на пет години затвор во Иран во отсуство
Јафар Панахи престојува во Иран, судот ја донел пресудата во негово отсуство и таа е дел од новите пресуди против иранските политички активисти, но дека сеуште не е затворен.
ХБО снима адаптација на славниот трилер „Птици“ од Алфред Хичкок од 1963
Сценариото е адаптација на приказната на Дафне ду Мориер, која беше подлога и за сценариото на филмот на Хичкок. Гглавната улога во серијата и е доверена на австралиската актерка Сара Снук која се прослави во хит серијата на ХБО „Наследниците“.


