Вештачката интелигенција може да замени 40 видови професии, но на исто толкав број на професии може да се примени многу малку, покажа најновата анализа на Мајкрософт.

Студијата покажа дека напредните алгоритми може да извршуваат најмалку 90 насто од работите што ги вршат историчарите, како и 80 насто од работата на новинарите и продавачите.

Меѓу 40-те професии кои Вештачката интелигенција најмногу ги загрозува се и асистентите за работа со потрошувачите, финансиските советници, промоторите на производство и некои научни работи.

Самиот Мајкрософт соопшти дека отпушта 15.000 вработени и вложува над 80 милијарди долари во центри за податоци кои вршат обука на модели на ВИ.

Извршниот директор на Амазон Енди Џаси изјави дека очекува оти ќе се намали вкупниот број на вработени заради се пошироката примена на Вештачката интелигенција.

Слични новости

„Gunvor“ ја повлекува понудата за купување на имотот на руски „Лукоил“ во странство

„Gunvor“ ја повлекува понудата за купување на имотот на руски „Лукоил“ во странство

Мултинационалниот швајцарски трговец со енергенси „Gunvor“ соопшти дека ја повлекува својата понуда за купување на странски средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“ откако Министерството за финансии на САД сигнализираше дека има намера да му одбие лиценца за бизнис

Благ раст на европските берзи

Благ раст на европските берзи

Цените на акциите благо пораснаа на европските берзи во петокот претпладнето, но сепак се на пат да да ја завршат трговската седмица со вкупни загуби, главно поради притисокот врз технолошкиот сектор