Вечерва од 21 часот на Паркот на принцовите во Париз се игра првиот полуфинален меч меѓу бранителот на титулата Париз Сен Жермен и Баерн од Минхен.
ПСЖ влегува во двомечот со голема самодоверба по убедливите победи дома и на гости против Ливерпул во четвртфиналето без примен гол.
Но и Баерн Минхен кој ја обезбеди титулата во Бундес лигата доаѓа со голема самодоверба откако во четвртфиналето го елиминираше Реал Мадрид и постигнати дури 7 голови на тој двомеч.
Во второто полуфинале утре во Мадрид играат Атлетико и Арсенал.
Слични новости
Ненад Димитриевиќ на чекор до потпишување договор со Арис
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитриевиќ следната сезона најверојатно ќе игра за солунски Арис, пренесува грчкиот спортски портал „Спорт 24“.
Ламин Јамал најскап фудбалер на светот
Новото истражување на цената на фудблаерите покажа дека играчот на Барцелона Ламин Јамал е убделиво најскапиот фудбалер на светот.
Антонио Конте и официјално го напушти Наполи
Италијанскиот тренер Антонио Конте и официјално го напушти Наполи една година пред истекот на договорот, откако во неодамна завршената сезона не успеа да го одбрани насловот на шампион на Италија.


