Властите во Венецуела прогласија општа воена мобилизација и воведоа „воен режим“ во клучните сектори, вклучувајќи ја нафтената индустрија и другите стратегиски гранки.

Одлуката доаѓа во момент на екстремна политичка и воена криза во Каракас чијапричина се, како што наведува владата на Венецуела, надворешни напади и загрозување на територијалниот суверенитет.

Според објавениот декрет оружените сили на Венецуела се целосно активирани ширум земјата, а државната инфраструктура и индустриските комплекси ќе бидат ставени под засилен армиски надзор.

Посебно се нагласува дека нафтениот сектор, кој е стратешки столб на венецуелската економија ќе биде милитаризиран, а работниците во тие компании привремено ќе бидат подложени на воен режим на работа.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД привремено ќе управуваат со Венецуела и ќе ја искористат нафтата на оваа земја за „поевтино снабдување на светскиот пазар“ и поправка на инфраструктурата.

Оваа најавена улога во управување со ресурсите на Венецуела предизвика остри реакции на меѓународните актери, вклучувајќи критики од Европа и Латинска Америка, кои ја окарактеризираа како „опасен преседан против меѓународното право“.

Слични новости

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Ова е прв пат Иран да го затвори овој клучен воден пат, низ кој минува 20 насто од светската нафта, откако САД почнаа да му се закануваат на Иран и да испраќаат воена опрема во регионот.