Кошаркарот на Сан Антонио Виктор Вембенјама е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата. Вембенјама во минатата недела имаше просек од 36 коша, 10,3 скока, 3,7 асистенции и 4,3 блокади по натпревар.
Кошаркарите на Сан Антонио минатата недела во НБА лигата остварија три победи на три натпревари, а Французонот по четврти пат во кариерата е избран за играч на неделата во НБА лигата.
За најдобар играч на Источната конференција е прогласен кошаркарот на Бостон Џејсон Тејтум, кој имаше просек од 30,3 поени, 7 асистенции и 5,8 скока по натпревар.
Бостон минатата недела постигна 4 победи на 4 натпревари.
Слични новости
Хулиан Алварез го отпушти својот менаџер по големата помпа дека преминува од Атлетико Мадрид во Барцелона
Задоволство од одлуката на Алварез изрази и клубот Атлетико Мадрид кој сметаше дека токму Хидалго беше човекот што го туркаше Алварез во Барцелона и ги распламтуваше страстите во медиумите.
Карвахал на чекор да потпише за Гетафе
Доскорешниот фудбалер на Реал Мадрид Дани Карвахал е на чекор да потпише за шпанскиот прволигаш Гетафе. Веста ја потврди и директорот на Гетафе...
Деклан Рајс блиску до нов договор со Арсенал
Би Би Си наведува дека за продолжување на договорот Рајс би добил големо зголемување на платата, а тој неделно заработува 240 000 фунти. Според новиот договор тој би се изедначил со најплатениот играч на Арсенал Букајо Сака кој неделно заработува 350 000 фунти.


